Резултати од седмицата во проектот „Моторите на Дујунов“
Новости за Бирото „Совелмаш“
Веднаш по новогодишните празници, компанијата продолжи да работи на добивање сертификат за завршеток на изградбата и на пуштање на претпријатието во работа.
Активностите поврзани со пуштање на Бирото во работа се одвиваат на неколку полиња:
• се поставуваат ленти за малосериско производство на изработки од сопствен дизајн: аголни брусилки и мотори за воздухоплови;
• набавена е и сѐ уште се испорачува најсовремена специјализирана опрема;
• нарачана е опрема за производство на мотори за воздухоплови;
• во тек е изработката на опрема за производство на регулатори од сопствен дизајн;
• се утврдуваат технолошките процеси што ќе овозможат изработка на производи на високотехнолошки начин со минимални производствени трошоци, во што спаѓа и производство и тестирање на калапите за леење под висок притисок.
Тековни промоции
Лотарија на SOLARGROUP, финално коло. Заклучно до 31 јануари, добивате по еден купон за секоја реална уплата од 500 $ кога купувате нов пакет или вршите предвремено отплаќање. Во главните награди спаѓаат автомобил LADA Ellada и мотоцикл Denzel Liberty со мотори засновани на „Славјанка“.
Извлекувањето на наградите за второто коло ќе се одржи следната седмица. Ќе го соопштиме точниот датум и време во следните денови.
Дознајте нешто повеќе за финалното коло, и побрзајте да учествувате!